Високонапонски електромотори Хидраулика и пневматика

Изменувачи на топлина

Металорезачки машини

Вршиме проектирање, пресметка, изведба, репарирање и чистење на изменувачи на топлина. За сите произведени и репарирани изменувачи на топлина доставуваме копија од сертификатот за цевките кои се вградени во изменувачот и испитен протокол според кој е испитан изменувачот согласно стандардите. Изработуваме изменувачи на топлина према потребите на нашите потрошувачи.

h_exc_1 h_exc_2 h_exc_3

За производство и репарирање на изменувачите користиме:

  • - бакарни цевки
  • - ИНОКСНИ цевки
  • - црна цевка
  • - по потреба и месингени

За изработка на споевите во зависност од потребата, помеѓу цевките и фланшите користиме:

  • - МИГ постапка на заварување
  • - МАГ постапка на заварување
  • - ТИГ постапка на заварување
  • - автогено заварување
  • - тврдо лемење
  • - валцовање

Чистењето на изменувачите го вршиме:

  • - хемиски
  • - механички
  • - комбинирано механичко хемиски

Слики од нашата работа:

h_exc_4

Произведени разладни кули со испарувачки систем на ладење со топлотна снага од 560kW.

h_exc_5

Репарирани ладилници вода/воздух од компресор ADAMSON 1 MW.

h_exc_6

Изработка на нов ладилник вода/масло со изменувачка површина од 3.6 m2.

h_exc_7

Репарирање и производство на ладилници вода/вода со разладна површина од 19 m2.

h_exc_8

Нов ладилник вода/масло со изменувачка површина од 9.6 m2 во процес на испитување.

h_exc_9

Изглед на нов изменувач на топлина вода/масло со изменувачка површина од 9.6 m2.

h_exc_10

Нов спирален изменувач на топлина вода/алкохол од бакар.